Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси ќе паузира три недели од фудбалот поради повредата на мускулот која ја доби на мечот со Атлетико Мадрид на Ноу Камп.
Меси, во 59-та минута остана да седи на теренот со болна гримаса на лицето по што беше заменет со Арда Туран. Минута после неговото излегување Барселона прими погодок и го испушти водството.
Аргентинецот ќе ги пропушти мечевите со Спортинг Хихон, Селта Виго и Депортиво Ла Коруња во Ла лига и дуелот со Борусија Менхенгладбах во Лигата на Шампиони.
Неговиот официјален кам бек би требало да се случи на 19 октомври за натпреварот со Манчестер Сити во Лигата на Шампиони.
OhridNews