Од почетокот на сезоната се шпекулираше за заминување на Лионел Меси од Барселона. За следна дестинација на Аргентинецот најмногу се споменуваа Челси и ПСЖ.


Официјалниот профил на Меси на социјалната мрежа Инстаграм почна да го следи профилот на Челси и на Филипе Луис, кој исто така ги брани боите на премиерлигашот.

Тимот од Ноу Камп минува низ тежок период откако Андони Зубизарета беше разрешен од функцијата спортски директор, а Карлес Пујол самоволно замина од управата на Барселона.

Лондонскиот премиерлигаш може најмногу да профитира од ваквата ситуација во Барселона доведувајќи го четирикратниот освојувач на Златната топка Лионел Меси во своите редови.

Мх.П.