Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси блескаше во триумфот 3-1 на Барселона над актуелниот шпански првак Атлетико Мадрид. Меси го имаше секаде на теренот, а во финишот на мечот стави печат на победата постигнувајќи го третиот погодок за каталонците.
– Деновиве се пишуваат само лаги за мене. Глупаво ми е да го демантирам моето заминување бидејќи никогаш не сум сакал да заминам. Што се однесува до кавгата со Луис Енрике и тоа се глупости, јас сум во добри односи со тренерот – рече Меси.
Многу се шпекулираше и пишуваше околу караницата меѓу Меси и Енрике од која подебелиот требаше да го извлече тренерот на Барселона.
Мх.П.