Аргентинскиот репрезентативец, Лионел Меси има двојна причина за радост после погодокот на Стемфорд Бриџ кој на Барселона и донесе позитивно реми (1-1) во првиот осминафинален меч со Челси во Лигата на Шампиони.

Меси во деветтиот меч против лондонските „сини“ успеа да постигне погодок и да најде одговор за нерешливата енигма во осумте натпревари претходно.

Никоја екипа до сега го немаше толку голгетерски изолирано Аргентинецот кој е втор стрелец после Роналдо на вечната листа во најеминетното клупско натпреварување.

Со најдолга серија без примен погодок од Меси сега се Атлетико Мадрид и Рубин Казан вкупно четири, а со ваков ефект после два одиграни мечеви можат да се пофалат Ливерпул и Бенфика. Најомилени противници на Меси се Баер Леверкузен и Арсенал.

OhridNews