Секојдневно најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо и Лионел Меси се споредуваат со разно разни статистики и се води жестока дебата околу тоа кој е број еден.
Во едно што Меси секогаш ќе биде пред Роналдо е почитта кон соиграчите и тимскиот дух, кој чудесниот Аргентинец го носи со себе.
Барселона против Кордоба славеше со убедливи 8-0, а еден од двата голови Меси ги постигна благодарение на несебичниот Нејмар.
За речиси сигурниот погодок на Нејмар, кој сепак го постигна Меси, тој се „изваде“ давајќи му на Бразилецот да го изведе ударот од белата точка.
Несомнени се квалитетите на фудбалерот на Реал Мадрид, кој пак возврати со хет трик во победата 3-2 над Севиља.
Мх.П.