Најдобриот фудбалер во Аргентина, Лионел Меси немаше успешен кам бек во селекцијата, откако „гаучосите“ изгубија во контролниот натпревар со Венецуела 3-1.

Меси привремено се повлече од репрезентацијата после елиминацијата од Франција во 1/8 финалето на Мундијалот во Русија. Капитенот на „гаучосите“ долго време ги држеше во неизвесност своите сонародници и на крајот одлучи да се врати во селекцијата.

Но, дека Меси не е семоќен се покажа на дуелот со Венецуела. Фудбалерот на Њукасл, Рондон погоди за водство за Венецуела. Пред крајот на првиот дел, Муриљо зголеми на 2-0. Во 59-та минута Лаутаро Мартинез намали на 2-1, но Мартинез со погодок во 76-та минута ја врати предноста од двата погодоци и го осигура триумфот.

Нешто подобар исход во првиот меч за својата родна земја после Мундијалот имаше Кристијано Роналдо, кој со соиграчите од Португалија не најде начин да ја затресе мрежата на Украина и мечот заврши 0-0.

OhridNews