Во година дена капитенот на „гаочусите“ Лионел Меси заедно со репрезентативците на Аргентина претрпеа два порази во двете финалиња кои ги одиграа на големи натпреварувања.


Првиот неуспех за Меси и соиграчите беше поразот од Германија (1-0) во финалето на Светското првенство во Бразил. Вториот пораз беше од Чиле на пенали во завршниот натпревар на Копа Америка.

– Нема ништо поболно од изгубено финале со својата репрезентација. Сакам да им се заблогадарам на навивачите кои секогаш каде и да играме не поддржуваат. Неможам повеќе да се помирам со поразите во националниот дрес и сакам со соиграчите да ставиме точка на ваквата серија. – напиша Меси на својот профил на „Твитер“.

Неговиот исход во дресот на Барселона е сосема спротивен од оној во аргентинската селекција. Меси со каталонците има играно четири финилиња во Лигата на Шампиони и во четирите се има  радувано на победата.

Мх.П.