Фудбалерите на Барселона запишаа нови три бодови на своето конте, откако рутински славеа против Еибар (4-0) на гостински терен во рамките од 19-та рунда во Ла Лига.


Убедливата победа на каталонците ја најави Денис Суарез, а потоа на сцена стапија Лионел Меси, Луис Суарез и Нејмар кои со по еден погодок ја зачинија победата.


Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид во дербито на колото ги поделија бодовите ремизирајќи 2-2. „Јорганџиите“ со гол во финишот обезбедија реми и бод од гостувањето на Сан Мамеш.

Резултати: Осасуна – Севиља 3-4, Атлетик Билбао – Атлетико Мадрид 2-2, Реал Бетис – Спортинг Хихон 0-0, Реал Сосиедад – Селта Виго 1-0, Еибар – Барселона 0-4.

Табела: Реал Мадрид 43, Севиља 42, Барселона 41, Атлетико Мадрид 35, Реал Сосиедад 35…

OhridNews