Актуелниот првак во Шпанија, Барселона во петтата рунда од Ла лига претрпе висок пораз (4-1) во Виго од тимот на Селта.
Каталонците по четирите победи во серија прв пат ја осетија горчината на поразот. Домаќините без трошка респект им се спротиставија на Лионел Меси, Нејмар, Луис Суарез и дружината.
Во период од 26-та до 56-та минута фудбалерите на Селта три пати ја погодија мрежата на Барселона, а во финишот постигна уште еден за голема победа. Два од погодоците постигна Иаго Аспас, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа Нолито и Гуидети.
До крајот на мечот избраниците на Луис Енрике успеаја да го ублажат поразот откако мрежата на Селта ја погоди бразилскиот репрезентативец Нејмар.
Резултати : Селта – Барселона 4-1, Леванте – Еибар 1-2, Рајо Ваљекано – Спортинг Хихон 2-1, Атлетик Билбао – Реал Мадрид.
Мх.П.












