Лионел Меси со два погодоци донесе значајна победа за Барселона (2-0) и ја продолжи гол серија против Арсенал и стигна од осум погодоци во петте мечеви одиграни со англискиот премиерлигаш.


Аргентинецот за победата на Емирати го пофали тимот кој одигра маестрално при првиот погодок на натпреварот.

– Среќен сум за победата, головите и пред се за тимската игра во текот на сите деведесет минути. Арсенал е физички фантастичен и тоа најмногу се плашевме. Очекувавме да паднат пред финишот, и тука ја гледавме нашата шанса. Иако имаме предност резултатска и во реваншот од публиката овој двомеч се уште не е завршен. – рече Меси.

Десетката на католонците успеа да го матира и Петр Чех кој неколку пати претходно имаше успешни двобоји со најдобриот светски фудбалер.

ЛШ: Јувентус се врати од мртвите, Меси го замолкна Емирати (видео)

OhridNews