Аргентскиот репрезентативец Лионел Меси по петти пат се искачи на врвот од фудбалот откако беше прогласен за најдобар фудбалер во годината што измина.
Фудбалерот на Барселона во трката за најдобар го совлада соиграчот од Ноу Камп, Нејмар и големиот ривал од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.
– Кога би можел да ги менувам Златните топки тоа би го направил за трофејот од Светското првенство. Секогаш сум говорел дека тоа е најголемо остварување во светскиот фудбал. Се додека имам шанса ќе се надевам дека еден ќе го кренам тој драгоцен трофеј. – рече Меси.
Капитенот на „гаучосите“ на последниот Мундијал во Бразил имаше шанса да го направи тоа, но селекцијата на Германија беше непреминлива пречка во финалето.
Јубилејна петта „Златна топка“ за Лионел Меси
Ohridnews











