Аргентинскиот фудбалски виртуоз Лионел Меси поради повредата на задната ложа одигра само едно полувреме во првиот четвртфинален дуел со ПСЖ, кој заврши без победник.

Токму аргентинскиот интернационалец беше стрелец на голот за Барселона, кој на полувремето и донесе предност 1-0.

Тежината на повредата дополнително ќе биде одредена, а според првите проценки Меси надвор од терените ќе е три недели.

Реванш натпреварот меѓу Барселона и ПСЖ се игра за една недела, а настапот на Меси е ставен под знак прашалник.

Мх.П.