Екипата на Барселона забележа нов убедлив триумф во Ла Лига откако со 5-1 го совлада составот на Раја Ваљекано во 27-та рунда од шампионатот.


На каталонската машинерија и беа потребни 23 минути да го скрши отпорот на домашната екипа. Иван Раќитиќ во 22-та минута го отвори резултатот, а Лионел Меси после една минута го дуплираше водството.

  
Аргентинецот ја зголеми предноста со вториот погодок на мечот, а домаќините преку Манучо постигнаа почесен погодок.

 
Сите дилеми околу победникот ги разреши Меси со третиот гол, а печат стави Арда Туран со дебитанскиот погодок.

 
Резултати: Гранада – Спортинг Хихон 2-0, Еспањол – Бетис 0-3, Рајо Ваљекано – Барселона 1-5.

Табела: Барселона 69, Атлетико Мадрид 61, Реал Мадрид 57…

OhridNews