Хаос на теренот и масовна тепачка меѓу играчите го одбележаа финалето во мексиканското првенство меѓу Тигрес и Америка. Регуларниот дел заврши без голови 0-0, а вистинското лудило настана во продолжението во кое двете екипи постигнаа по еден погодок.

Тигрес на почетокот од продолжението остана со фудбалер помалку, а многу бргу потоа Америка поведе со 1-0. Пред финишот на продолжението силите на теренот се изедначија, откако црвен картон доби фудбалер на Америка. Место да се смират страстите тие дополнително се разгорија и судијата подели уште два црвени, по еден на двете страни. Тигрес во 119-та минута погоди за реми и по изведувањето на пеналите ја освои титулата.

OhridNews