Дербито во Бугарија помеѓу Локомотив Пловдив и ЦСКА Софија не го одбележаа фудбалерите, ниту добрата игра на двете екипи, ниту пак единствениот гол кој беше постигнат, туку хулиганите кои околу 20 минути крвнички се тепаа на теренот.
Бугарската полиција не можеше да го спречи налетот на двете навивачки групи кои не бираа начини и средства во меѓусебна пресметката. По долга борба ситуацијата се смири и мечот продолжи, но попусто, откако фрлија голема дамка на дербито.
ЦСКА Софија го доби дербито со 1-0, но никој после мечот не зборуваше за фудбалот, туку за немилите сцени на теренот и на трибините.
OhridNews