Без голови и без победник (0-0) заврши мечот меѓу Алавес и Атлетико Мадрид во 20-та рунда од шпанската Ла Лига. За возбудувања место стрелците се погрижија Ману Гарсија и Диего Годин кои имаа неспортски потези. Домашниот фудбалер го плукна гостинскиот, а капитенот на „јорганџиите“ не остана покусо и врати со иста мера.
Плукањето противнички фудбалер е најстрого казниво, затоа Ману Гарсија и Диего Годин се соочуваат со драстични суспензии.
OhridNews