Без голови и без победник заврши дерби пресметката на Милан и Рома во последниот натпревар од 37-та рунда во Серија А.


Покрај важноста на натпреварот стрелците не беа расположени за голови, затоа нервозата на теренот изобилуваше. “Фрчеа“ остри стартови, имаше искри на теренот, а тоа резултираше со два црвени картони по еден за два тима.

Прв предвреме го напушти мечот Мунтари, кој го влечеше за раката судијата Роки. Но, за да бидат изедначени силите на теренот се погрижи Тоти. Капитенот на “волчицата“ со лакто го удри Мексес и тој како Мунтари замина на туширање.


По ремито со Рома, “росонерите“ во последното коло мораат да триумфираат против Сиена за да го осигураат третото место.

Од “калчо лигата“ се простуваат Палермо, Сиена и Пескара додека во Лигата на Европа пласман обезбеди Удинезе.

Мх.П.