Назапаметено разочарување и бес кај Египќаните, предизвикал најдобриот светски фудбалер, Лионел Меси, откако за време на гостувањето во емисија на телeвизијата MBC ги донирал своите копачки во хуманитарни цели.
Неинформиран за обичаите кои владеат во арапскиот свет, Меси во најдобра намера на водителката ѝ ги дал своите копачки за аукцијата која ја организара телевизијата, а од која приходот оди во добротворни цели.
Египќаните гестот на Меси го сметаат за навреда, бидејќи во арапскиот свет обувките асоцираат на нечистотија. Членот на египетскиот парламент Саид Харасин, длабоко навреден, рекол дека своите чевли ќе ѝ ги донира на Аргентина.
„Египќаните никој вака не ги навредил во последните 7.000 години. Ќе го гаѓам Меси со моите чевли. Ова е мој чевел и ќе ѝ го донирам на Аргентина“, рекол Харасин при гостување во емисија на една египетска телевизија, пренесува „Макфакс“.
Најдобриот светски фудбалер го критикува и претставникот на Фудбалскиот сојуз на Египет, Азми Мегахед.
„Збунет сум, ако сакал да нé навреди мислам дека тие копачки треба да ги ставиме на главите на оние кои го подржуваат. Не ни требаат неговите копачки, ниту неговата милостината на Евреите и Израелците. Подобро е тие копачки да им ги донираме на Аргентинците и таму има сиромашни луѓе“, рекол Мегахед.
OhridNews