Младиот индиски фудбалер Питер Бјанксаузалу (23), починал во болницата во Кавзавалу на северот на Индија, откако по постигнат гол се обидел да изведе салто во стилот на Мирослав Клосе пренесува „Макфакс“.

Фудбалерот при обидот да направи салто паднал на главата се здобил со тешки повреди на вратот од кои починал во болницата.

Неговите соиграчи најпрвин не сфатиле колку е сериозна ситуацијата и започнале да се радуваат скокајќи по несреќниот фудбалер. Кога им станало јасно за што се работи веднаш повикале брза помош, но младиот фудбалер починал во болницата.

„Бјанксаузалу беше талентиран фудбалер, еден од најдобрите во нашиот клуб. Сите сме во шок не можеме да поверуваме дека ова се случи“, изјавил еден од челниците на локалниот клуб Бетхлехем.

Ohridnews