Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро во кошмар го претвори олимпискиот сон на Новак Ѓоковиќ победувајќи го во два сетови (7-6, 7-6) уште во првата рунда.
Ѓоковиќ долго се подготвуваше и го најавуваше турнирот на Олимписките игри, но ниту во најлудите соништа не очекуваше дека ќе наиде на тврд орев на стартот.
Дел Потро кој моментално се наоѓа на 145 место на АТП листата покажа одлучност и карактер во решавачките поени и го скрши најдобриот тенисер во светот.
Аргентинецот „тајбрејкот“ во првиот сет го доби со 7-4 додека во вториот доминираше и победи со 7-2.
Противник на Дел Потро во второто коло ќе му биде португалскиот тенисер Жорже Жезус.
OhridNews