Последниот тренинг на Бока Јуниорс пред вториот меч со лутиот ривал Ривер Плата во финалето од Копа Либертадорес се претвори во спектакл, откако повеќе од 50 000 навивачи им пружија поддршка на фудбалерите.

Реваншот од дербито познато како „Супер класико“ кој ќе се одигра на „Монументал“ ќе го даде шампионот. Двете екипи ќе почнат од „нула“, иако првиот меч заврши 2-2, бидејќи правилото гол во гости не важи во финалињата во јужно-америчкиот фудбал. Вториот меч во финалето во Копа Либертадорес се игра в сабота со почеток во 21 часот.

OhridNews