Златан Ибрахимовиќ се соочува со суспензија од три мечеви, откако намерно со лакто го удри Тајрон Мингс на дуелот меѓу Манчестер и Бурнмаут кој заврши без победник (1-1).
Дисциплинската комисија во Премиер лигата ќе отвори постапка против Ибрахимовиќ и Мингс кој исто така имаше жесток старт над Швеѓанецот и ако ги прогласи за виновни ќе бидат суспендирани по три натпревари.
Шведскиот голгетер ќе ги избегнеше дуелите со противничките фудбалери ако во 72-та минута во погодок го претвореше ударот од белата точка.
„Црвените ѓаволи“ после ремито со Бурнмаут останаа на шестата и не го искористија поразот на Арсенал во дербито со Ливерпул.
OhridNews