За проблемите на Металург нема крај. Лино Червар за престојниот натпревар со Висла Плоцк, во Лигата на Шампиони нема да може да смета на повредените, Јоноски, Стоилов, Ракчевиќ додека ЕХФ го суспендираше Миркуловски еден натпревар, откако заработи црвен картон на мечот со Копер.

Металург со десет бодови од осум натпревари  е на делба на на втората позиција со Копер, додека противникот на македонскиот преставник Висла со седум бодови ја зазема четвртата позиција. Лидер во групата е германската машинерија Хамбург со максимални 16 бодови од осум средби.

Мх.П.