Македонскиот првак Металург убедливо ја совлада екипата на Црвена Звезда со 28-18 (13-7), во рамките на 8. коло од новоформираната Регионална СЕХА-лига.

Наум Мојсоски со шест постигнати гола беше најпрецизен на мечот, додека крилата Мансков и Златко Мојсоски постигнаа по четири гола.
Во наредната рунда в недела во дербито на есенската полусезона Металург го пречекува хрватскиот првак Загреб КО. 
Ohridnews