Металург и Ренова во четврток ќе ги одиграат реванш натпреварите од второто квалификациско коло во Лига Европа.

Металург, на стадионот на Башкими во Куманово, ќе го пречека полскиот
Рух Хорзов кој по првиот меч има предност од 3:1. Избраниците на Ѓорѓи
Христов имаат активен резултат со кој најавуваат борба до последната
минута.

Дуелот во Куманово ќе започне во 17 часот. Еден час подоцна, во
Белорусија, актуелниот освојувач на македонскиот Куп, екипата на Ренова
ќе му гостува на Гомел. Белорусите имаат огромна предност, откако на
првиот меч, како гости победија со 2:0.

Ohridnews