Македонскиот ракометен првак Металург ремизираше 25-25 (10-11) против Ст.Петерсбург во вториот натпревар од Лигата на Шампиони.


Металурзите имаа голем можност да заминат од Русија со голема победа, на средина на вториот дел имаа висока предност од 21-17, не реализираа неколку зицери, со што им дозволија на домаќините да се вратат резултатски во мечот.


Домашната серија од 5-0 значеше водство и навести неизвесен финиш. Играта на нерви ја издржаа “сините“ и во последниот напад од мечот за тимот на Червар погоди Марковиќ кој ги постави конечните 25-25.

Во наредната рунда, в недела Металург гостува во Германија кај еден од фаворитите за освојување на лигата, Хамбург.

Ohridnews