Македонскиот ракометен првак Металург ја забележа третата победа во петтото коло од ракометната Лига на Шампиони.

Избраниците на Лино Червар во арената „Борис Трајковски“ ја совладаа романска Констанца со 25-18.
Наумче Мојсовски со осум гола го предводеше македонскиот шампион до нова победа која на Металург широко му ги отвара вратите за влез во Топ 16 фазата од елитното натпреварување.