Ракометарите на македоскиот шампион Металург, претпладново ќе го дознаат името на противникот со кого ќе вкрстат во осмина финалето, во Лигата на шампиони. Извлекувањето на групите ќе се одржи во Хорсхолм, место кое се наоѓа во близина на данската престолнина Копенхаген.
Можни противници на Металург се екипите кои во првата фаза ги освоија вторите места во групите А, Б и Д: Загреб, Веспрем и Копенхаген. Првите осмина финални натпревари ќе се одиграат од 14 до 18.март, додека реваншите се на програмата од 21 до 25. март.
Пласман во осмина финалето изборија:
А група: Барселона, Загреб, Савехоф, Кадетен Шафхаузен, 
Б група: Атлетико Мадрид, Веспрем, Киелце, Берлин
Ц група: Хамбург, Копер, Металург, Висла 
Д група: Кил, Копенхаген, Адемар Леон, Монпеље 
“Макфакс“
Ohridnews