Избраниците на Наум Бабачев го обелија образот на Ракометниот клуб Охрид победувајќи го Металург со 33-25 (17-14) во осмата рунда од Младинска лига.


Младинската екипа на РК Охрид во новите дресови.

Младите „гладијатори“ одиграа добар и квалитетен натпревар и заслужено стигнаа до третата победа сезонава во лигата. Охриѓани до триумфот дојдоа со квалитетна игра во одбрана во второто полувреме, додека нападот функционираше беспрекорно во двата периоди. 

Најефикасен во составот на Охрид беше Наум Костов со 11 голови, Мартин Иваноски и Стефан Спироски реализираа по 5, Кристијан Димитриески застана на 4, Михаил Иваноски постигна 3, Даниел Андоновски 2, а Михајло Најдески, Николче Ристески и Адријан Селман по еднаш се запишаа во листата на стрелци. 

Младинците од РК Охрид на дуелот со Металург и со Прилеп претходно настапија со новите дресови донирани од Стефан Николоски кој е сопственик на Хотелот Амбасадор и мото-центарот со истото име.

Во деветтата рунда охридските ракометари го пречекуваат тимот на Македонија Ѓорче Петров.

OhridNews