Ракометарите на Металург претрпеа минимален пораз од 20:19 во натпреварот од 6-то коло од Лигата на шампиони на гости кај Констанца. Романците кои за прв пат поведоа во финишот на натпреварот едноставно не можеа, а да не ја зграпчат победата која македонскиот шампион им ја подари во буквална смисла на зборот.

Тимот на Лино Червар во првото полувреме играше одлично, а на моменти имаше и 6 гола предност(12:6). Концентрацијата попушти во финишот на првиот дел, кој сепак Металург го доби со пристојни три гола разлика, 12:9. Во второто полувреме македонскиот шампион немаше одговор за 5:1 зоната на Констанца која со фластер го сопре Мојсоски. Водечкиот играч на Металург не реализираше и два седмерци, а индиспонирано во нападот делуваше целиот тим. Благодарение на извонредниот Станиќ кој мечот го заврши со 16 одрбани, Металург одржуваше предност од еден до два гола се до финишот кога Констанца израмни, па поведе во 59 минута со 19:18. Во драматичен финиш домаќините останаа со двајца играчи помалку, а кај Металург беше исклучен пикерот Ракчевиќ. На триесет секунди до крајот со голот на Златко Мојсоски од пенал Металург израмни за потоа на несфатлив начин да прокоцка реми. На 4 секунди до крајот при удар од 9 метри комплетниот тим на Металург заспа и им дозволи на домаќините во последните мигови од мечот да стигнат до победа од 20:19.

Време за тагување металурзите немаат. Овој пораз мора да биде сериозна опомена пред претстојмиот натпревар во „Борис Трајковски“ против Санк Петерсбург. Со евентуална подеда Металург ќе се најде во топ 16 фазата од Лигата на шампиони.

Горан Момироски