УО на ФК Металург со соопштение до јавност го потврди прекинот на соработката со четворица фудбалери од акутелниот состав.

Во соопштението од клубот се вели :

“Поаѓајќи од амбициите и силната мотивираност за реализација на плановите и поставените цели во оваа натпреварувачка сезона, ФК Металург продолжува со активности во насока на достигнување на професионалните фудбалски стандарди и критериуми. Оценувајќи го општиот придонес на клубот, а посебно придонесот, залагањето и посветеноста на поединци во контекст на проектираните цели, раководството на клубот констатира низа негативни појави и поведение на поединци кои не само што не се обидуваат да ги достигнат професионалните критериуми и стандарди на клубот, туку работат и во спротивност. На предлог на стручниот штаб на ФК Металург, УО донесе одлука да ја прекине соработката со следниве играчи: Игор Кралевски, Драган Начевски, Александар Тенекеџиев и Агрон Мемеди.ФК Металург ќе продолжи со ваквите зафати до постигнување на востановените критериуми, стандарди и постигнување на зацртаните цели.“

Тимот кој има шампионски амбиции, сезонава игра подпросечно. Засилувањата во зимскиот па и оние во летниот период речи си и да не ја оправдаа довербата, па не е ништо чудно во клубот да има нова ротација во зимскиот преоден рок.

Металург по шест одиграни кола има три порази и со девет бода се наоѓа на средината на табелата, што секако не одговара на амбициите на тимот на Железара.  Пред „металурзите“ се мечевите во шампионатот против Напредок како и реваншот од осминафиналето од купот против Турново, првиот меч заврши со реми 3-3.

Ohridnews