Македонскиот ракометен првак Металург без поголеми проблеми се пласираше во групната фаза од Лигата на Шампиони. Избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар одисејата во ЛШ ја започнуваат против францускиот Шамбери на гостински терен.


Mинатата сезона во Лигата на Шампиони за Металург во 1/8 финалето непреминлива пречка беше хрватскиот тим на Загреб Кроација.


Комплетниот распоред на Металург во Лигата на Шампиони :

Шамбери Металург
Металург – Горење
Силкерборг Металург
Металург – Санк Петерзбург
Металург – Киелце
Киелце Металург
Металург – Шамбери
Горење Металург
Санк Петерзбург – Металург
Металург – Силкерборг
Првиот натревар македонскиот преставник Металург во ракометна Европа го игра на 30 септември.

Мх.П.