Репрезентативецот на Австрија, Јанко Божовиќ е нов ракометар на петкратниот првак во македонскиот шампионат Металург.


Десниот бек во Автокоманда пристигнува од тимот на Брест Мешков, а потпиша двогодишен договор со македонскиот клуб.

– Клубот иако има многу млади ракометари има големи амбиции и затоа потпишав договор. Металург е голем клуб со традиција и се надевам дека помогнам да се врати онаму каде што припаѓа. – рече Божовиќ.

Австрскиот репрезентативец е прво засилување за Металург за новата сезона, која ќе означи нов почеток во македонскиот ракомет.

Мх.П.