Тимот од Автокоманда, Металург последниот ден од преодниот рок го искористи за доведување на голман во името Дамир Ефендиќ.


Во таборот на Металург чуварот на мрежата пристигна од Сараево, а договор потпиша до крајот на сезоната со можност за продолжување на соработката.

По заминувањето на првотимците од Металург хрватскиот стручњак Лино Червар доведе нови пет ракометари вклучувајќи го и голманот Ефендиќ.

Нови лица во дресот на „металурзите“ се Раде Стојановиќ, Бувиниќ, Ѓорѓе Голубовиќ и Драган Вргоч.

Мх.П.