Екипата на Металург со пораз се прости од Лигата на Шампиони откако загуби во Норвешка од тимот на Елверум 29-23 (15-7).


Брилијатното второ полувреме на „металурзите“ не беше доволно да се надополни негативата од првото кое заврши со плус осум за домаќините.

Овогодинешниот настап во елитата Металург го заврши со две победи и осум порази на последното место во Д групата.

По елиминацијата од ЛШ, Металург сите сили ќе ги насочи кон националниот шампионат каде допрва престојат клучните натпревари за излез во Европа следната сезона. 

Ohridnews