Македонскиот ракометен првак Металург со пораз од Брест Мешков 26-17 ги заврши натпреварите во регионалната СЕХА лига.
„Металурзите“ рамноправен противник беа само во првите десеттина минута каде имаа водство 4-2. Гостинските ракометари со серија од 6-0 го свртеа резултатот и го презедоа водството.
Од минута во минута гостите ја зголемуваа предноста по брзоплетите напади и шутеви од неизградени позици на Металург за конечни 26-17.
По завршување на обврските во СЕХА избраниците на Лино Червар ќе се фокусираат на мечевите од македонската Супер лига.
Мх.П.