Ракометарите на Металург прокнижија нови бодови во Лигата на Шампиони совладувајќи го составот на Елверум 22-19 (10-12) во третата рунда од групната фаза.
До вториот триумф во елитата „металурзите“ стигнаа со пресврт во вториот дел откако првиот го загубија со 12-10.
Одбраната предводена од голманот Даниел Дупјачанец (11 одбрани) петнаесет минути во вториот период прими само два погодоци, а нападот со седум голови го сврти резултатот во своја полза.
Сепак, норвежаните не се предадоа одново се вратија во игра, но домашните ракометари со смиреноста во играта го одведоа мечот до конечна победа.
Најефикасен беше десниот бек Божовиќ со шест погодоци, Мраковчиќ реализираше четири додека Пешевски и Матиќ застанаа на три голови.
Мх.П.











