Во најдобар ред поминуваат подготовките на фудбалскиот клуб Металург во Охрид, каде што се темпира евроформата за мечевите во квалификациите за Лига Европа, а тренинзите на избраниците на Ѓорѓи Христов минуваат и под будното „соколово око“ на кондицискиот тренер Метин Далип.

– Ние се обидувам да ги пратиме светските трендови околу тренажниот процес, и да ги имплементираме новите технологии, имаме среќа што работиме во клуб кој ни ги овозоможува тие работи, бидејки сепак се работи за доста скапа опрема и скапа технологија за наши услови вели кондиционот тренер на Металург, Метин Далип под чие “соколово око“ фудбалерите се подготвуваат за престојната сезона.

Секој од фудбалерите носи трансмитер, кој испраќа податоци кои се обработуваат во посебна програма и специјално изработен софтвер “Активио“  преку кој се следат сите оптеретувања кај фудбалерот.

– Во реално време можеме да ги пратиме оптеретувањата на секој еден играч. Бидејки секој играч носи трансмитери и сите истовремено ги следиме кој колку е оптеретен и се внимава на оптимално отперетување. Притоа се внимава да не влезат во некој режим на работа за да не дојде до претренираност кај играчите – истакна Далип

Ваквото следење дава многу појасна слика, за тоа кој колку и какво отеретување може да поднесе.

– Имаме убид секој играч колку е оптеретен, потоа ги анализраме резулататите и врз тие анализи се прави подготовкааат за наредните тренинзи. Доколку некој играч е премногу оптоварен, тогаш добива пауза или не тренира, или пак ако имаме и случаи кога некој недоволно е подготовен , издаваме насоки како да се подготват., да се труди повеќе, и да се отсртанат недостатоците. – потенцираше Далип

Металург од неодамна го применува овој метод, за кој Далип вели дека е потребно време за да ги даде посакуваните резултати.
 

–    Моментално немаме проблем, фудбалерите се известени за овој начин на работа кој го практикуваме. За да се видат ефектите на овој начин на работа потребно е повеќе време, како и  да се навикнат на овој принцип на работа. Порано повеќе се форсираше суво трчање додека ние од првиот ден на подготвките применуваме оптеретување преку игра, во разни вежби каде секогаш е тука топката.Новите трендови бараат да се тренира и техниката и тактиката во исто време, како и фитнес компонетата – вели Далип.

Неизбежен момент во ваквиот тип на подготовка е и начиот на исхрана за кој покрај Далип задолжен е и медицинскиот тим во клубот предводен од др. Зоран Ханџиски. Потоа шефот на стручниот штаб, ќе има помалку главоболки кога на овој начин му се сервираат податоците.

– Нормално дека е добро да се има таков тренер каков што е Метин, вели шефот на Металург, Христов и додава, подготовката е најважниот дел за еден професионалец и за еден врвен спортист. Кај нас ова е нешто ново, но во фудбалска Европа ова е секојдневние, и со години се применува. Ние полека полека навлегуваме во тоа, сето ова олеснува, играчите ако мислат дека тоа е поради нив, се лажат тоа е најмногу поради нас, за да видиме, колку еден фудбалер е спремен кога доаѓа кај нас и после одреден период . Фудбалерите се што прават тие прават за себе тие се професионалци, голем дел од нив играле и надвор и знаат што значи таа професионалност. Во секој случај олеснува, но не ја дава последната оцена, играта, квалитетот , интеленгецијата, силата, моментот на одлука, физичката енергија ја даваат комплетната слика за еден фудбалер – завршува Христов.

М.П.