Под влијание на влажен бран денес и утре ќе има врнежи од дожд, локално проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер (над 70km/h). Наместа врнежите ќе бидат обилни и поројни во форма на невреме со услови за појава на град. Од овој бран во јужните и источните делови се очекува вкупно да наврне од 30 до 50 l/m2 дожд. Дневните температури ќе бидат во опаѓање, особено во недела и почетокот на следната седмица, информира УХМР.

Во Охрид денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат побилни во попладневните часови, локално проследени со грмежи и засилен северен ветер.

Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 20 степени.

Г.М.