Под влијание на циклонска активност утре попладне и во вторник ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат обилни, од 20 до 40 литри на квадратен метар, со пороен карактер и појава на ретки грмежи.

Човек држи чадор во силно невреме. Фото: Freepik

Како што информира УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со силен ветер од над 70 километри на час.

-Во вторник врнежите на планините ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Дневната температура во вторник ќе биде во опаѓање, наведува УХМР.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во среда времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, а во четврток повторно ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни со пороен карактер.

Максималната температура утре во Охрид ќе достигне 12 степени.

OhridNews