Денеска во земјава ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време, попладне со повремен локален дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Во Охрид слично време, со максимална дневна температура до 6 степени Целзиусови, информираат од УХМР Македонија.
Според прогнозата, за празникот Водици во Охрид ќе преовладува променливо облачно и ветровито време, со повремен локален дожд, особено претпладне. Минималната температура ќе се движи од 2 до 6, а дневната од 6 до 12 степени Целзиусови.
OhridNews












