Дефанзивецот Метс Хумелс се врати во Борусија Дортмунд, откако Баерн Минхен ја прифати понудата од својот голем ривал во Бундес лигата. „Милионерите“ за услугите на Хумелс на минхенски Баерн ќе му исплатат 33 милиони евра плус дополнителни бонуси.

33-годишниот фудбалер токму од Дортмунд се пресели во Баерн Минхен но на „Алијанц“ арената не успеа да ги повтори игрите од времето кога го носеше дресот на „милионерите“. Хумелс стави потпис на тригодишниот договор со клубот од „Сигнал Идуна Парк“.

Интересен е фактот што Хумелс кариерата ја почна во Баерн Минхен и за 4 милиони евра во 2009 година се пресели во Дортмунд. Од таму пред три сезони направи трансфер помеѓу „баварците“ а сега се враќа назад во Дортмунд, каде многу веројатно ќе заврши кариерата.

Хумелс од пред една сезона беше стандарден репрезентативец и член на селекцијата која на Мундијалот во Бразил го освои златниот медал.

OhridNews