Меѓународниот ден на младите се одбележува секоја година на 12 август. Оваа година има посебно значење бидејќи се одбележуваат 10 години од усвојувањето на Агендата за одржлив развој 2030. Темата за 2025 година е „Младите ја унапредуваат мултилатералната соработка преку технологија и партнерства“, истакнувајќи ја виталната улога на младите луѓе во глобалната дипломатија.
По повод меѓународниот ден на младите, во организација на Младински Центар Охрид – МЦО, денеска се одржуваат нзиа настани кои се дел од третото издание на „Недела на млади“ – мултидисциплинарна програма наменета за млади, млади уметници и креативци.
Денешното одбележување вклучува изложба на изработки од младите, креативна работилница, презентација од младинска размена во Франција, музички настап на Бендот на МЦО, проекција на краткометражниот филм Mi(s)sing Dog на Антонио Велјаноски и DJ сет во живо со Lychnid Coffee Society. Настаните почнуват во 18 часот и ќе се одвиваат на просторот на поранешната касарна во Охрди.
До крајот на неделата предвидени се повеќе активности. Средата е резервирана филмските креатори и мастерклас за режија и сценарио од Антонио Велјаноски. Четврток (14ти август) се отвора со јога на кејот на Охридско езеро (тревник Куба либре) и продолжува со уметнички работилници, а на 15ти август, Неделата завршува со предавање на историчарот Иван Крижиќ на тема „Минатото како алатка за младинска иднина“.
Г.М.