Доколку се укине издавањето на државни записи, се укинуваат механизмите за нормално и непречено реализирање на Буџетот, со што се доведува во прашање исплатата на платите, на пензиите, воопшто на сите редовни исплати кои се вршат од Буџетот, соопшти Министерството за финансии. 

Реакцијата на министерството уследи откако во петокот вечерта СДСМ најави дека преку дополнителниот заменик министер ќе стави вето на планираното задолжување на домашниот пазар во вторник за околу 100 милиони евра. 

-Ветото на опозициската СДСМ на издавањето државни хартии од вредност значи дека пензиите нема да се исплатат на почетокот на месецот, како што секогаш се исплаќаат овие девет години, нема да се исплатат платите за полицијата, војската, здравствените и образовните работници, социјалната помош, ќе се запре изградбата на патишта, водоводи, капитални проекти, ќе се запре исплатата на субвенции.-, се вели во соопштението. 

Притоа се истакнува дека издавањето на државните хартии од вредност е предвидено со Буџетот за 2015 година, изгласан од Собранието, а со попречувањето се крши и законот.

СДСМ ги отфрла ваквите наводи. Опозицијата обвини за манипулирање на јавноста и побара исто како и со еврообврзницата, задолжувањето на домашниот пазар да се прави со договор мегу министерот и дополнителниот заменик

-СДСМ нема да дозволи заради неразумните трошења на власта граганите да останат без плати,пензии,социјална помош.Но исто така СДСМ нема да дозволи неразумните и недомакински политики на Груевски да бидат товар на идните генерации. – соопшти СДСМ.

OhridNews
извор:„Макфакс“