Ерменскиот репрезентативец Хенрик Мхитаријан е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед. Тој со „црвените ѓаволи“ потпиша четиригодишен договор со можност за продолжување на уште една.


Офанзивниот фудбалер е вкупно трето засилување за Жозе Мурињо по дефанзивецот Ерик Бејли и напаѓачот Златан Ибрахимовиќ.

Новиот член на „црвените ѓаволи“ со тренерот на Борусија Дортмунд, Томас Тухел се збогувал со СМС порака, исто како и кога заминувал од Шахјтор на Вестфален.


– Горд сум што му се приклучувам на Јунајтед, со овој потег ми се оствари сонот. Возбуден сум што ќе играм за клуб со толку голема историја и се надевам ќе бидам дел од него долго време. Сакам да им се заблагодарам на Мурињо и Јунајтед за довербата која ја имаат во мене. – рече Ерменецот.

OhridNews