Ерменскиот репрезентативец Хенрик Мхитаријан во Арсенал го избра бројот 7 на грбот, но тој ќе нема право да го носи во мечевите од Лигата на Европа каде ќе има право за игра.

Во тимот на Арсенал со број 7 за европските мечеви пријавен е Алексис Санчез кој замина во спротивен правец односно во Манчестер Јунајтед, а според правилата на УЕФА тој број не може да го носи друг фудбалер кој играл во друго натпреварување.

Затоа, Мхитаријан во мечевите од Лигата на Европа ќе настапува со друг број или пак ќе го повтори генијалниот потег на Иван Заморано кој после доаѓањето на Роналдо во Интер ја загуби деветката и на дресот носеше 1+8.

OhridNews