Ерменскиот репрезентативец, Хенрик Мхтаријан по два и пол месеци пауза стартуваше натпреварот во дресот на Манчестер Јунајтед. Мхтаријан беше во почетниот состав во убедливиот триумф (4-0) на „црвените ѓаволи“ над Феенорд во Лигата на Европа.


Иако не се запиша во листата на стрелци, Мхтаријан од навивачите беше избран за играч на мечот со холандскиот преставник.

– Ми беше големо задоволство што настапив, дадов се од себе, играв најдобро што можев, но посебно ми е мило што екипата успеа да победи. Седењето на трибина за мене беше лош период, но за среќа помина и среќен сум сега поради враќањето на теренот. – рече Ерменецот.

За пласман во нокаут фазата на „црвените ѓаволи“ им е потребен еден бод на гостувањето кај Зорија, но фокусот го насочуваат кон Премиер лигата и ФА Купот.

OhridNews