Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека партијата формирала тим од стратешки соработници, како што рече, составен од врвни професионалци, со одлично, лично и професионално портфолио, врвни достигнувања секој во својата област.

Овој тим е составен од професори, доктори по наука, успешни менаџери, експерти и одлични аналитичари. Образувано на престижни меѓународни унивeрзитети и со деловни и работни успеси во врвните економии во светот. Спој од напредната македонска интелигенција, но и дел од странци со исклучителни знаења кои ќе ги стават на располагање за обновата на Македонија. Тимот од стратешки соработници е составен од натпартиски личности, со кои не поврзува родољубието, патриотизмот и желбата да се помогне во обновата на Македонија. Овие луѓе ќе бидат мои соработници, а заедно ќе работиме во обновата која ќе ја донесеме за граѓаните на Македонија, рече Мицкоски.

Тим е составен од следниве личности: Гордана Сиљановска, Сашко Кедев, Владимир Дуковски, Хозе Караско, Игор Дурловски, Влатко Гигов, Јанко Баждавела, Борко Ристовски, Сања Божиновска, Ака Махмуд, Лазар Јовески, Зоран Марков, Гоце Наумовски, Гоце Андреевски, Александар Климовски, Коста Митровски.

Тимот од стратешки соработници, вчеравечер, добил согласност и поддршка и од Извршниот Комитет на партијата.

OhridNews