ВМРО-ДПМНЕ е против договорot oд Преспа и така ќе остане. Изворот на кризата која сега се случува не е отфрлениот договор со Грција, не е ниту пропаднатиот референдум, туку самата власт и Зоран Заев кои мора да си одат за да Македонија победи. А ве уверувам, со силата на народот, заедничката мудрост и одлучност Македонија ќе победи, и сите заедно ќе се избориме за стабилност, европска иднина и сочувано достоинство, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во видео пораката испратена денес, откако партијата синоќа одлучи да не ги гласа уставните амандмани и да се оди на предвремени парламентарни избори.

Видео обраќање 13.10.2018

Заев ја втурнува државата во уште поголема криза, тој е изворот на кризата и мора да си оди.

Geplaatst door Hristijan Mickoski op Zaterdag 13 oktober 2018