Почитувани граѓани на кои Охрид им е пред се. Вака ги опиша потенцијалните кандидати за пратеници од Охрид лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој денеска во Охрид присуствуваше на политичката обука што ја спроведе „Конрад Аденауер“, заедно со членови на Извршниот комитет на партијата.

Тоа ќе бидат луѓе кои имаат интегритет, сериозно животно и професионално портфолио, луѓе во коишто јас лично како претседател на партијата, но и охриѓани можат да се потпрат и да веруваат дека ќе бидат вистински столбови за интересите на Македонија, а потоа и на Охрид. –  рече Мицкоски.

Запрашан за впечатоците од тв дуелот со политичкиот опонент Заев, Мицкоски кусо одговори дека се забавувал додека разговарал со него.

Г.М.